Категории

ЌЕ ПРАВАМ СЕ ШТО ТИ СИ МРАЗЕЛ. СЕГА ГЛЕДАЈ И ПАТИ СИ. ГЛЕДАЈ ШТО СИ ПРОПУШТИЛ, ЗАБРАНУВАЈЌИ МИ!

Те гледам нешто разочаран и сам. Што ти е? И тебе ли те остави? Јас ти кажав дека ќе те разочара, дека ќе те сврти на малиот прст како што ти ми направи мене.

Убаво ти направила ама јас ќе те докрајчам. Можеби не со некоја гадна игра како твојата, туку ќе те докрајчи тоа што ќе ме гледаш среќна покрај друг.

Колку што се сеќавам, мразеше да гледаш како носам кратко, длабоко деколте, црвен кармин, да ја пеглам косата. Сега гледај и пати си. Ќе правам се што ти си мразел. И гледај што си пропуштил, забранувајќи ми.

А да, и мојата насмевка гледај ја. Таа ќе биде твојата смрт. Ќе бидам среќна тогаш кога ќе мислиш дека не сум, кога ќе мислиш дека сум срушена. Е баш тогаш ќе ме гледаш насмеана.

Ќе те докрајчам,а ти само седи и гледај.

Марија Мојсоска

Прегледи:
378
Објавено на:
06.08.2016