На страна од вашата редовна доза топла напивка, овие трикови нудат малку поинаков вкус. Погледнете ги овие шест трикови за подготовка на вашиот омилен пијалок кои вредат да се пробаат.
- Во мало ѓезве ставете лажичка кафеав шеќер. Топете го додека да стане во вид на карамела. Откако шеќер целосно ќе се стопи, ставате врела вода и лажичка нескафе. Карамелизираниот шеќер му дава уникатен вкус и арома.
- Шолја ладно кафе на жежок ден – има ли нешто подобро од тоа? Но наместо стандардните коцки мраз, многу поголем ефект ќе достигнете доколку користите посебни кафе-коцки мраз. Сварете неколку шолји кафе и засладете ги. Оставете ги на собна температура, потоа ставете ги во во сад наменет за правење мраз и оставете ги во длабоко. Во следна прилика, направете ладно кафе и ставете неколку од направените коцки и додадете млеко. Милина!
3. Кафето е многу повкусно доколку му додадете зачини. Додадете малку цимет и ѓумбир и затоплете го на ниска температура. Пијалокот ќе ги апсорбира зачините и кафето ќе добие нов вкус!
4. Можеби ќе се зачудите, но доколку додадете неколку кристалчиња сол во вашето кафе, тие всушност ќе ја засилат неговата арома и ќе го омекнат вкусот.
5. Кафето не само што може да биде пијалок, туку и храна. На пример, во форма на сладолед, многу полесно ќе ги поминете последните летни денови! Освен тоа, неговата подготовка е лесна.
6. Ако сакате вашето кафе да биде погусто и да има мек вкус, додадете половина лажичка путер при подготовката.