Ела Дворник е родена 1990 година во Загреб како ќерка на познатиот хрватски музичар Дино Дворник.
Знаеме дека сите деца на славните се под притисок да го достигнат успехот на своите родители, а Ела не е исклучок. Единствено што… успеа да стане позната по тоа што е најомразената личност помеѓу хрватите.
Ела имаше желба да стане славна, па во јавноста се појавуваше во најразлични изданија, најчесто провокативно разголена и секогаш со различна боја на косата. Позната како девојка “без влакна на јазикот”, успеа и да испровоцира многу луѓе, па мислењата за неа се… поделени. :)
Се обиде да лансира музичка кариера, па издаде пет синглови кои никогаш не се пробија во музичката индустрија. Најпознат од овие синглови е песната “Хентаи” (зборот хентаи на јапонски значи анимиран порно-филм), со кој Ела неуспешно се обиде да се пробие на јапонскиот пазар, па потоа се оправдуваше дека песната е всушност пародија на јапонската поп-музика.
За среќа, Ела изгледа сфати дека нема потреба да ја оцрнува кариерата на својот покоен татко, па денес води успешен лајфстајл блог кој е еден од најпознатите во Лондон, каде што и живее со својот свршеник Чарлс Пирс.
Како ви се допаѓа оваа млада ѕвезда? :)