Категории

Фризура со иглички по која полуде модниот свет

196541ff-082a-43f4-9e84-8867c31ba57a

Игличките се едноставно неизбежни додатоци за коса без кои ниту една фризура не е возможна, но сега тие нема да ги носиме сокриени во косата туку сега тие се главен моден украс кој треба да е што по воочлив. Оваа фризура со иглички доминираше на модните ревии на многу познати модни куќи а трендсетерките веќе ненормално ја обожаваат. Причината е тоа што изгледа необично, edgy и уникатно а при тоа доста стилски и авангардно. Оваа фризура започна да доминира и на црвениот тепих каде многу познати холивудски дами покрај своите долги елегантни тоалети косата ја носеа украсена со десетици иглички (не)симетрично распоредени. Фризурите на коса веќе добија нова димензија а оваа дефинитивно ја обожаваме.

Прегледи:
330
Објавено на:
25.11.2016