Категории

Lindt чоколадите отсега во срцето на Скопје!

Lindt брендот, кој нуди голем избор на чоколади од врвен квалитет во 120 земји, отсега е присутен и во Македонија.

Дојдете во новоотворениот Lindt Shop, во непосредна близина на плоштадот Македонија, и уживајте во светски препознатливите вкусови на Lindt чоколадите!

Во 1845 година дуото татко и син, Давид Шпрунгли-Шварц и Рудолф Шпрунгли-Аман ,отвараат слаткарница во стариотдел на Цирих. Две години подоцна тие стартуваат и мала фабрика за чоколадо. Така се раѓа Lindt, денес еден од најпознатите брендови на швајцарски чоколади и кондиторски производи.

Lindt е препознатлив по неспоредливите, уникатни вкусови и фина, растоплива текстура. Создавањето на толку добра чоколада е уметност која бара длабока стручност, долгогодишно иксуство и посветеност на бескомпромисен квалитет.

Во Lindt создаваат мајсторите на оваа уметност. Тие развија и рафинираа уникатни тајни рецепти, водени од врвни стандарди за квалитет и страст за креативна извонредност. Нивниот избор започнува со селекција на фини, сирови материјали и состојки од висок квалитет, а кулминира со исклучително вкусни креации кои ги радуваат сите генерации.

Од мекиот, растоплив Lindor, до тенката, рафинирана елеганција на Excellence бар чоколадото и познатото Lindt Gold Bunny, до ремек делата од пралини, Lindt се гордее со создавањето на чоколадно искуство како ниедно друго.

Како и останатите светски метрополи, oтсега и Скопје ќе ужива во најдобрите чоколадни производи.

Ве очекуваме во нашиот нов, специјализиран Lindt Shop, во срцето на Скопје, на ул.„Максим Горки“ бр.3, наспроти влезот на хотел Мериот!

Прегледи:
619
Објавено на:
06.12.2016