A ЗА КРАЈ НА 2018: GIBONNI ВО СКОПЈЕ КАКО ХЕДЛАЈНЕР НА ALL YOU NEED IS LOVE FESTIVAL!

За да авалонскава година заврши како што треба, со навистина огромен ќеиф ви ја најавуваат: најголемата музичка актуелна регионална ѕвезда GIBONNI ќе биде хедлајнер на овогодинешното издание на фестивалот All you need is love, во недела на 23-ти декември!

Идеална прилика за голема предновогодишна фешта на која ќе се соберат сите љубители на Gibo и добрата музика од Македонија во ВИП Арената.

За Gibonni нема што да се каже, се` се знае, човек со премногу добри песни од кои секој од нас има понекоја своја и човек кој прави фантастични настапи!

Другите изведувачи ќе бидат познати во понеделник, на 29-ти октомври, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба преку avalon.mk од среда, 31-ти октомври во 09 часот, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 700 денари

ФАН ПИТ- 1000 денари

SILVER SEATS- 1000 денари

GOLDEN SEATS- 1200 денари

ВИП- 2000 денари

Во продажба ќе бидат и Вип пакети за кои дополнително бидете известени. Се гледаме на голема предновогодишна журка!




Коментари

коментари