Адидас планира да ја искористи пластиката од океаните за да создаде 11 милиони пара патики!

Во 2015, Адидас започна соработка со здружението за заштита на животната средина Parley for the Oceans за да создаде линија на обувки и облека, која придонесува во спречувањето на загадувањето на океаните. Модната линија наречена  Adidas x Parley беше екстремно успешна и соработката продолжува да расте и понатаму.

Поради одличното прифаќање од страна на потрошувачите кои ги поддржуваат овие еколошки патики, Адидас е подготвен да го зголеми производството во 2019 година. Овие патики, не само што се квалитетни, туку исто така се модерни и ги има во неколку достапни модели.

Нивната цена се движи од 160 до 220 долари, тие не се евтини, но луѓето навистина се ззаинтересирани за нив и ги купуваат. Добиваат одлични критики и особено се истакнува нивната удобност, како и опсегот на достапни бои.

Покрај обувките, Адидас исто така соработува со познати дизајнери како Стела МекКартни создавајќи квалитетна спортска облека. Но, иницијативата не запира тука. Таа постои низ целиот производствен процес и во канцелариите на Адидас. Во производството, Адидас се фокусира на користење на одржливи материјали, намалување на емисиите на CO2 и спречување на отпадот.

Додека Адидас признава дека не е можно да се ослободи од целата пластика, наведувајќи го транспортот на  пластика како парадигма, тие се обидуваат да ја неутрализираат нејзината примени. Тие донираа 1,5 милиони евра (околу 1,7 милиони долари) на „Fashion for Good“, платформа за мода со парчиња направени од рециклиран материјал, за да го намали влијанието на пластиката врз животната средина. Преку оваа кампања, Адидас го отвора патот и за други компании да внесат иновации во користењето на материјалите за да ја направат нашата планета подобро место за живеење.




Коментари

коментари