Адриана Лима ги откри своите најшокантни тајни за убавина

Сигурно некои од овие трикови за убавина ќе ви се чинат луди, но штом ги практикува Адриана Лима, нема причина да не и веруваме

Кога некој ќе спомене најубава жена на светот, поголемиот дел помислуваат на Адриана Лима. Поранешниот ангел на Victoria’s Secret во неколку наврати е прогласена за најубава жена на светот а покрај добрите гени и мајката природа, таа вложува доста труд и внимание во нејзината секојдневна нега на кожата.

Во една прилика таа одлучи да ги сподели своите beauty тајни а некои од нив се вистински неочекувани.

1.Коса замотана преку ноќ
Прекрасната бразилка откри дека преку ноќ ја држи својата коса замотана во свилена капа за спиење како би ја заштитила од кршење при триењето. Потполно необично и неочекувана од нејзината страна зарем не?

2.Влажен молив за очи
Топ моделот откри дека овој трик го „украла“ од шминкерите со кои соработувала. Со оглед на тоа што поголемиот дел од жените имаат проблем при нанесување на молив за очи поради неговата сувост,  навлажнувањето на моливот со малку вода прави тој подобро и полесно да се нанесува на окото.

3.Крема со заштитен фактор секогаш и секаде
Адриана се „колне“ во својот крем со заштитен фактор и вели дека никогаш не изегува од својот дом без добро да ја заштити својата кожа со соодветен спф. Таа советува дека овој крем треба да се користи преку целата година а не само во текот на топлата сезона кога сонцето е најсилно.

4.Дневна крема + хајлајтер
Убавицата преферира природен изглед поради што можеме многу често да ја видиме без шминка и во опуштено издание. Нејзиниот трик се состои во мешањето на дневната или спф кремата со хајлајтер која ја нанесува на лице. Тоа дава блескав изглед на кожата и дава впечаток дека немате никаква шминка но сепак изгледа здраво и свежо.

5.Моќта на авокадото
Нејзината брановидна раскошна коса е нејзин заштитен знак, а Адриана тврди дека тоа го постигнува така што еднаш неделно го меша  својот регенератор со половина изгмечено авокадо и таа смеса ја држи на косата како маска и потоа ја плакне.




Коментари

[fbcomments]