Адриана Лима во стајлинг кој остава без зборови

Ако некој друг го носеше овој стајлинг тоа сигурно не би изгледало вака добро.

Во текот на модната недела во Њујорк, која моментално е во полн ек, бројни познати личности беа фотографирани на различни настани кои ја следеа модната недела, но секако не можеа баш сите од нив да се истакнат.
Меѓу оние кои успеаа во тоа дефинитивно беше Адриана Лима.

Наизглед класичното издание кое подразбира комплет од класичен црн блејзер и панталони во комбинација со високи потпетици беше дефинитивно еден од стајлинзите со кои манекенката привлече огромно внимание.




Коментари

[fbcomments]