Афоризми од Душко Радовиќ: „Само сиромавите знаат дека има посиромави од нив, богатите гледаат само побогати од себе“

Ова се некои од афоризмите кои се безвременски и ќе се пронајдете во нив. Иако се поминати повеќе од 30 години од смртта на Душко Радовиќ, неговите изреки сѐ уште живеат.

„Пред да го поправате светот, поправете ја чешмата во својот стан. Светот би бил многу посреќен и поубав кога секој би ја поправил чешмата или макар забите“.

„Зошто уличните корпи за отпадоци не се подигнат на висина на кош за играње кошарка? Тоа би била провокација на која никој од нашата кошаркарска нација не би одолеал. Кошевите би биле полни, а градот чист“.

„Пред да почнете да ја барате среќата, проверете – можеби веќе сте среќни. Среќата е мала, обична и невпечатлива и многумина не умеат да ја видат.“

„За разлика од докторите на наука, селаните имаат повеќе знаење од стручна подготовка.“

„Вложувајте во својот стомак! Тоа вложување дава брзи и видливи резултати. Вложувањето во главата е долгорочно и неизвесно.“

„Атеистите не мора да бидат чесни. Нема бог кој би бил надлежен за нив.“

„Тепајте ги своите деца штом забележите дека личат на вас.“

„Тешко е да бидете дете и да бидете добар.“

„Ако ги решите проблемите на своите деца, тие нема да имаат друг проблем освен вас.“

„Има многу сиромави луѓе помеѓу нашите деца, кои, освен пари, родителите не можеле да им дадат ништо друго.“

„Храбрите мажи ја лупаат вратата кога доаѓаат дома, а кукавиците кога си одат.“

„Нашето малку може да биде многу за оние кои немаат воопшто.“

„Само сиромашните знаат дека има и посиромашни од нив, богатите гледаат само побогати од себе.“




Коментари

коментари