Категории

Агресивното возење, најголема опасност за сите учесници во сообраќајот

Под агресивно возење се дефинира, секое однесување зад воланот кое ги става другите лица и имот во опасност, преку намерна акција, без разлика на безбедноста. Агресивното возење може да варира од ризично однесување, до она што ескалира во сериозно насилство.

Според РСБСП, две третини од сообраќајните несреќи во земјава се последица на однесување слично на она со кое е опишано агресивното возење.

Кои се агресивни возачи?

Сигурно секој од вас барем еднаш во животот бил сведок или директен учесник во сообраќај каде што имало брзо (агресивно) возење. Возачи кои буквално ви го сечат патот и „прелетуваат“ на само неколку сантиметри од вас, правејќи нападни гестикилации кога ќе почувствуваат дека не соработувате доволно во нивната брзаница да стигнат онаму каде што тргнале.

 Сигурно барем еднаш сте се запрашале кој е овој човек, зошто вози вака, зарем навистина е потребно толку да брза и при тоа да не му е грижа за останатите учесници во сообраќајот?

Всушност, сите ние знаеме како изгледа еден агресивен возач и какво е неговото агресивно возење, но доколку сепак постои некаква дилема, време е да ја расчистиме. Дали следниве примери ви звучат познато?

Пример 1: Доцните десет минути на работа и возите малку над дозволената брзина кога зеленото светло на семафорот почнува да трепка и ви најавува дека за неколку неколку секунди ќе се вклучи црвено светло и дека треба да ја намалите брзината и да застанете. Свесни сте дека не сте доволно блиску до семафорот за да поминете на зелено (веќе трепка), но, исто така, свесни сте дека не можете да си дозволите да чекате, па притискате посилно на педалата за гас, забрзувате и го поминувате семафорот, иако во меѓувреме веќе за вас се вклучило црвено светло.

Пример 2: Се движевте во вашата лента кога видовте дека сообраќаецот (семафорот) дава знак дека треба да застанете. По неколкуминутното чекање во колона, некој одзади ја престигнува целата колона по левата слободна страна (може да биде и спротивна лента) и се обидува да влезе во слободниот простор меѓу вас и возилото пред вас. Вие нагазувате на педалата за гас и се „лепите“ најблиску што може за возилото пред вас. Нема да му дозволите нечесно да се протне!

 Пример 3: Возите 10-20 км над дозволената брзина на автопат со три ленти. Како што ги менувате лентите за да ги поминете возилата кои споро се движат, во лентата за претекнување (крајната лева) наидувате на возило кое се движи со иста брзина како и она кое сакате да го претекнете. Тогаш, се враќате во крајната десната лента, ги поминувате двете возила и почнувате да им „блендирате“ со светлата и да им свирите најдолго што можете.

Според ова, агресивното возење може да се подели на 5 клучни дејствија кои се косат со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштат:

  • Брзо возење
  • „бркање“ на црвеното светло и непочитување на знакот СТОП
  • Неуспехот да се добие, да се стигне некаде на време
  • Да се вози преблиску, „лепење“ зад друго возило
  • Возење цик-цак, односно бранување од една лента во друга, со цел да се биде побрз од другите

Како да им одговорите на агресивните возачи?

  • Сигурносен појас. Доколку имате „средба“ со агресивен возач и истата резултира со сообраќајна незгода, сигурносниот појас значително ќе ги намали шансите да бидете сериозно повредени или да загинете.
  • Не ја играјте нивната игра. Повлечете се и дозволете им да си продолжат по нивниот пат. Запомнете, возењето не е натпреварување, не е ваша работа да им држите лекции и да ги „преслушате“.
  • Игнорирајте го притисокот и грубите гестови. Не одговарајте на провокациите и избегнувајте контакт со очите. Тоа само ќе ги разгори непријателските чувства.

Како да бидете љубезен и културен возач?

  • Планирајте однапред за да го избегнете сообраќајниот метеж и за да имате доволно време да патувате.
  • Опуштете се. Вдишете длабоко, разговарајте со сопатникот, слушајте убава музика. Со тоа што ќе бидете под стрес и нервозни нема да стигнете никаде побрзо, може само побрзо да ви заврши животот.
  • Не возете кога сте лути, вознемирени или заморни.
  • Возењето не треба да биде трка. Оставете ги вашите натпреварувачки способности дома или чувајте ги за на терен.
  • Однесувајте се со другите онака како што сакате да се однесуваат со вас. Љубезното и смирено возење, привлекува љубезни возачи. Агресивното и брзо возење, ги предизвикува и другите возачи да возат агресивно и небезбедно.

Времето во кое живееме, а и самиот начин на живот, некогаш не доведуваат во ситуација да се натпреваруваме со времето и да му пркосиме, па и да се обидеме да го победиме. Но, знаеме дека тоа не можно. Во сообраќајот, натпреварот со времето, секогаш го губиме. Брзањето да го „фатиме“ семафорот, многупати е брзање кон сопствената несреќа или смрт. Еден од тројца луѓе, лично познаваат некој кој имал и помала сообраќајна незгода на некоја раскрсница бркајќи го зеленото светло. РСБСП продолжува и понатаму со интензивните кампањи, продолжува да едуцира и информира, а пред сѐ да се бори и да се заложува на крајот од денот секој од нас да ситигне безбедно до својот дом.

Извор: РСБСП

Прегледи:
391
Објавено на:
22.07.2016