Категории

АЈДЕ ДА ЗАБОРАВИМЕ НА ИНАЕТОТ, НЕКА НЕ НЕ БОЛИ ПОВЕЌЕ, АЈДЕ ДА БИДЕМЕ ЗАЕДНО

Сакаше да ставиш крај, да си ја расипеш среќата, а сега се каеш за тоа, се прашувам што те боли највеќе, душо?

Можеби сликите кои што гледаш и посакуваш моментите да се вратат? Можеби пак песните? Сите тие песни што ги слушавме кога бевме заедно.

Се сеќаваш на сите наши спомени, слушајќи ги песните, гледајќи ги сликите секој ден? Можеби пак и разговорите те болат?

Секако дека ќе те болат, сите тие пораки за добро утро, за добра ноќ. Дали пак те болат местата на кои што бевме најсреќни? Местата каде што се гледавме?

Знам дека да, душо. Минувајќи низ тие места секој ден, во ова мало гратче, тешко е. Си замислуваш како сега да сме јас и ти, седнати на скалите, гушнати, како се бакнуваме.

Знам дека ти е тешко, верувај и мене ми е. Секој ден ги гледаме и двајцата, сите слики, сите песни ги слушаме, ги минуваме истите места и тагуваме.

Но, зошто да биде така, кога може и подобро? Ајде да заборавиме на инаетот, нека не не боли повеќе, ајде да бидеме заедно. Да не чувствуваме болка повеќе, ниту јас, ниту ти.

Жаба

Прегледи:
114
Ознаки:
· ·
Објавено на:
10.03.2016