Категории

Ако чекавте знак, еве го! – Продолжете да се борите, вреди!

Дали знаете како да се сретнете со вистинската радост на животот? Треба прво да се запознаете со тагата. Одблизу. Всушност, само кога сте на дното најдобро разбирате што значи да станете и да започнете одново. Без способност да се потпрете на некого или на нешто друго освен на вашето верување дека работите треба да се подобрите. Борете се секој нов ден да го гледате тиа како можност за живот, а не само време кога не сте точно сигурни што сакате.

Дали знаете како да ја исполните вистинската животна среќа? Со поминување низ многу болки. Внатрешну и надворешни. Повреди и разочарувања. И тогаш очите се отвораат за нова реалност. Нема повеќе таа целосна илузија што ја создадовте во вашата глава. Има нешто во ударите што ви ги задава животот. Не можете повеќе да останете пасивни. Незаинтересирани. Не можете повеќе да се преправате дека не сте добиле знак. Го сфативте. Еве го добивте. Борете се, верувајте и одете напред и колку да е тешко!

Прегледи:
229
Објавено на:
28.10.2021