Категории

Ако денот го започнувате со позитивни мисли, животот ќе ви стане подобар

Формулата за среќен живот е доста едноставна

Алберт Ајнштајн ова го нарекувал најважниот избор во човековиот живот.

Што е првото нешто кое ви паѓа на памет кога ќе се разбудите? Дали размислувате за работата која треба да ја извршите денес, за мејловите на кои треба да одговорите или за документите кои се насобрани на вашата работна маса, домашните обврски кои ве чекаат?

Или размислувате за нештата кои ве прават среќни? За бакнежот на вашето дете пред да оди во училиште, за прегратката на саканата личност кога ќе се вратите дома, иако немате се што посакувате, во вашиот живот е се во ред?

Алберт Ајнштајн еднаш рекол: „Најважната одлука кој ачовек треба да ја донесе е таа по кои принципи сака да живее. Дали живее во пријателски или непријателски свет.“

Во кој свет живеете вие? Како го гледате? На нас останува да одлучиме, а оваа одлука ја донесуваме секое утро. Кога ќе се разбудам, веднаш си го поставувам на себеси прашањето: „Дали живеам во добар, пријателски свет?“

Начинот на кој одговарате и ја гледате својата околина влијае на тоа како вашиот ден ќе тече.
Позитивното размислување прави вашите очи да блескаат, го исполнува човек со енергија и среќа.

Кога вашиот ден ќе го започнете така што ќе верувате дека светот е добар, ќе стане помалку склони кон негативни реакции ако нештата почнат да одат кон лоша насока. Имајте повеќе трпение и надеж.

Доброто раѓа добрина
Начинот на кој го живеете својот ден на самиот почеток влијае на количината добри нешта кои ќе ви се случат во текот на денот. Сузан Рејнолдс, коавторот на книгата „Научете го вашиот мозок да биде среќен“ верува дека чувството на незадоволство може силно да го стимулира човековиот мозок и тој да стане на некој начин програмиран да ги гледа само позитивните нешта.
Со други зборови, колку повеќе добрина гледате во светот околу себе, толку повеќе ќе ја добиете за возврат.

Ако денот го започнувате со позитивни мисли, животот ќе ви стане подобар.