„Ако е тоа така, тогаш нека ме спаси Божјото милосрдие!“

Религиозна приказна – Една жена пристигнала пред Божјите врати, но за да влезе преку нив морала да го помине Божјиот тест…

Некоја добра христијанка се појавила пред небесните порти. Била многу исплашена. Свети Петар срдечно ја примил, ја охрабрил и сериозно ја предупредил:

„За влев во небото мораш да имаш сто бодови.“

Жената почнала да набројува: „Му бев верна на својот сопруг целиот мој живот. Ги одгледав своите деца да бидат добри христијани – не е некој голем успех, но направив се што можев. Дваесет и две години подучував веронаука, работев во мисии како волонтер и водев парохиски добротворни цели. Имав трпение спрема луѓето околу мене..“

Кога застанала на воздивне, Свети Петар и рекол: „Два и половина бодови!“

Жената почнала да трепери. Потоа продолжила: „Ах да, ги догледав моите родители, и простив на мојата сестра со која се скаравме поради имотот. Потоа, никогаш не ја пропуштав неделната миса, освен кога ми се родија децата. Доаѓав на духовните проповеди и редовно се молев наутро и навечер..“

„Тоа се три бодови!“ – и рекол Свети Петар.

Жената била очајна. „Само три бодови? Како воопшто можам да стигнам до сто?“
Со солзи во очите и треперлив глас рекла: „Ако е тоа така, тогаш единствено може да ме спаси Божјото милосрдие!“

„Сто бодови!“ – и рекол на тоа Свети Петар.




Коментари

[fbcomments]