Ако имате ќерка секогаш ќе има кој да ви ја отвара вратата! – Поучна приказна

По прекрасната свадба еден млад брачен пар на првиот ден од нивниот заеднички живот одлучиле никому да не му ја отвораат вратата тој ден и направиле договор – не се отвора вратата за никого по никоја цена – ќе бидат сами првиот ден од бракот!

b2ap3_thumbnail_10152482_701038703275063_1349762593_n.png
На тој ден прво дошле родителите на мажот – сакале да го видат синот и снаата. Затропале на вратата зад која биле сопружниците, но никој не им отворал. Затропале повторно – мажот сакаше да ја отвори вратата, се двоумеше но поради цврстиот договор кој го направи со жената – не ја отвори вратата, а родителите видоа, невидоа тажни си заминаа.

Набргу потоа повторно некој затропал на вратата – овој пат биле родителите на жената. Младенците повторно стоеа зад вратата се гледаа додека ѕвоното ечеше низ куќата. Жената го прегрна мажот и со солзи на очите му шепна – не можам ова да им го направам на моите родители, и таа ја отвори вратата.
Сопругот не кажа ништо.

Поминаа неколку години и тие добија 4 сина, а петтото дете беше девојче. Таткото, за раѓањето на синовите прославил, но за раѓањето на ќерката направил невидена фешта – ги поканил сите што ги познава и потрошил неброени пари за забавата.
Подоцна таа ноќ неговата сопруга го запраша што е причината за таквата голема прослава за ова бебе додека за 4 сина претходно имале поскромни забави?
На тоа сопругот и одговорил со една реченица – бидејќи таа е таа која ќе ја отвори вратата еден ден за мене!




Коментари

коментари