Категории

Ако мажот ги изговара овие реченици, подготвен е да ве изневери

Овие реченици можат да бидат сигнал дека вашата врска се наоѓа на стаклени нозе и вашиот партнер може да ве замени со некоја друга во креветот.

„Имам чувство дека не ме цениш“
Ако вашиот партнер често ја изговара оваа реченица, тој веројатно малку се „оладил“ од вас затоа што се чувствува запоставено и повеќе не е среќен како порано во врската. Секако, тоа не значи дека ќе ве изневери веднаш, но можно е веќе да размислува за тоа.

Ако еден од партнерите се чувствува недоволно ценето, може да се случи да ве замени со друго. Ако ја отворите таа тема, гледајте отворено да зборувате и заедно да превземете нешто за таа ситуација да се поправи.

„Извини што не ти одговорив на пораката“
Ако забележувате дека вашиот сакан одеднаш почнува да не одговара на вашите пораки, можно е повеќе да не сте му приоритет. Дури и ако е премногу зафатен на работа – време за кратка порака може да се пронајде секогаш.

Разговарајте љубезно со него за да откриете која  е причината што не ви одговара.

„На работа беше ок“
Овде не се работи за значењето на реченицата, туку за краткиот одговор. Додека порано ви зборувал детално за тоа како го поминал денот и што се случувало во неговото работно место, изненадните кратки одговори се знак на опасност.

Време е да седнете со него и да поразговарате за вашата врска.

„Ајде да пробаме нешто ново во кревет“
Ако вашиот сексуален однос долго време е монотон, еден од партнерите сака да проба нешто ново. Но тоа би можело да значи дека не е задоволен од сексуалниот живот.

Сфатете ги сериозно неговите желби и секако послушајте ги неговите предлози.

Прегледи:
467
Објавено на:
11.02.2020