Категории

Ако мислите дека не сте важни во овој свет – Некој сеуште се смее на некоја ваша шега, а некој заспал безгрижно затоа што вие сте го утешиле..

Можеби мислите дека воопшто не сте важни во овој свет. Но, некој пие кафе од омилената шолја секое утро, што вие им ја дадовте. Некој слуша песна на радио што ве потсетува на вас. Некој е среќен што ја прочитал книгата што сте им ја препорачале.

Некој, враќајќи се од работа навечер, се присетил на вашите шеги и се насмевнал. И некој сега се сака себеси повеќе, затоа што сте му упатиле убав комплимент. Некој престанал да плаче затоа што вие сте им ги избришале солзите. Некој заспал безгрижно затоа што сте го утешиле.

Никогаш немојте да мислите дека не влијаете на ништо. Вашата трага што ја оставате зад себе, дури и со мали дела на љубезност, е невозможно да се избрише.

Прегледи:
50
Објавено на:
07.06.2021