Ако сакате нешто да направите, одете до крај: 15 најубави цитати од Чарлс Буковски

„Можно е да сакате човечко суштество иако не го познавате добро“, рекол Чарлс Буковски, а во продолжение прочитајте уште брилијантни цитати од еден од најинтелигентните и најдуховити писатели кој успеа да го приближи животот поблиску до нас во сите негови облици.

„Мора да умреш неколку пати пред да започнеш навистина да живееш.“

„Светот започнува да се спасува спасувајќи еден човек, се останато е или грандиозна романтика или политика.“

„Колку повеќе еден човек станува силен, толку е поосамен. Тоа е чиста математика.“

„Не верувам во тоа дека е возможно да го направите светот подобро место за живот. Верувам дека можеме да престанеме од него да правиме лошо место.“

„Интелектуалците кажуваат едноствни нешта на тежок начин. Уметниците кажуваат тешки работи на едноставен начин.“

„Ако сакате да направите нешто – одете до крај. Во спротивно не почнувајте.“

„Амбицијата ретко им помага на талентираните луѓе. Да имате среќа е нешто сосема друго. Талентот секогаш се провлекува под неа.“

„Можно е да сакате човечко суштество ако не го познавате добро.“

„Кога ќе замолчам, ќе се свртам и ќе си отидам, тоа не значи дека ти си победил, туку дека повеќе не си вреден да го губам моето време.“

„Гледам повеќе од стотина луѓе дневно кои сосема се откажале. На сите страни ги гледам оние кои не посакуваат ништо, освен храна, кров и облека, сконцентрирани на тоа, без соништа. Тие не го чувствуваат ужасот поради тоа што не се сакани и не сакаат.“

„Човекот мора да проживее многу несовршени часови, за да дојде до неколку совршени. Мора да убиеш десет часа, за да можеш два вистински да ги изживееш… Но, мора да бидеш внимателен… да не ги убиеш сите часови. Сите години.“

„А зар нема и среќни луѓе? Има многу луѓе кои се прават дека се среќни.“

„Убавината е ништо, убавината нема да остане. Дури и не знаеш колку си среќен дека си грд, бидејќи ако те сакаат луѓето, знаеш дека е поради нешто друго.“

„Силата значи да продолжиме кога сѐ е лошо. Тоа значи да продолжиш понатаму кога сѐ е толку бесмислено да нема смисла да живееш понатаму.“

„Најди нешто што сакаш и дозволи тоа да те убие.“




Коментари

коментари