Категории

Ако околу вас нема ништо убаво тогаш значи дека вие сте тие кои треба да го создадете

Колку повеќе ги гледам луѓето и начинот на кој живеат однадвор, толку повеќе го сакам мојот свет одвнатре. Тоа е мал свет во кој ги сместувате оние што имаат душа. И тие живеат едноставен живот. Со повеќе погледи кон иднината, а помалку кон минатото. Тоа е тивок свет на луѓе кои не се наметнуваат на прво место. Кога ви требаат, тие се таму и нивниот глас веднаш ви враќа се што ви зема животот. Тие знаат дека секое место може да биде центар на светот, само ако му дадете можност на вашето срце да биде тој што ќе води и избира.

Колку повеќе ги набљудувам луѓето, толку повеќе сфаќам дека мора да има место каде што важат различни правила отколку во денешниот свет. А ако не постои – имам право да го создадам. Прво во мислите, а потоа во реалноста. Затоа што имам право мојата душа да живее, а не само да преживува. Само треба да се откажам од некои работи. Да се докажува и оправдувам зошто живеам како што живеам. И моите очи повеќе да се свртат кон оние убави нешта што се случуваат околу мене. А ако ги нема, да си дозволам сам да ги создадам.

Прегледи:
195
Објавено на:
08.12.2021