Ако постојано се жалите, привлекувате негативна енергија и уште повеќе причини за жалење

Да се жалите на нешто значи да пронаоѓате грешки во нешто и изразување на незадоволство. Да се жалите постојано значи губење време и тоа е еден од главните проблеми кај поголемиот дел од луѓето кои се заглавени во просечноста на животот, не преземајќи многу да го подобрат.

Овие цитати нека ве инспирираат да не се жалите, наместо тоа, секојдневно преземајте нешто за да го подобрите својот живот.

„Кога се жалиш, се правиш себеси жртва. Напушти ја ситуацијата, промени ја ситуацијата или прифати ја. Сѐ останато е лудост.“ Екхарт Толе

„Чувај се понастрана од „сѐ уште“ луѓе. Сѐ уште се скршени, сѐ уште се жалат, сѐ уште мразат, сѐ уште не постигнале ништо.“ Непознат автор

„Жалењето никогаш не ја подобрува ситуацијата.“ Непознат автор

„Ако нешто не ти се допаѓа, промени го. Ако не можеш да го промениш, промени го ставот. Не се жали. Маја Ангелоу

„Обиди се да живееш 24 часа без приговор (ниту еден). Потоа набљудувај како ти се менува животот.“ Непознат автор

„Некој друг е среќен со многу помалку од тоа што го имаш ти.“, Непознат автор

„Ако имаш време за жалење и приговарање, тогаш имаш време и да направиш нешто во врска со тоа.“, Антони Ј. Д’Анџело

„Среќата доаѓа многу полесно кога ќе престанеш да се жалиш за своите проблеми и ќе почнеш да бидеш благодарен за проблемите кои ги немаш.“

„Единствена работа која ја постигнуваш со жалењето е дека му порачуваш на светот дека немаш контрола“, Непознат автор

„Не ги слушај оние кои се жалат, бидејќи нивната болест е заразна.“, Ог Мандино

„Мислам дека некои луѓе уживаат да се жалат речиси еднакво како оние кои во тоа не уживаат.“, Непознат автор

„Жалењето функционира како стратегија.“, Непознат автор




Коментари

коментари