Ако сакате алфа маж, овој хороскопски знак е правиот избор!

Припадниците на овој знак секогаш мораат да бидат први во се. Доколку барате алфа маж, ова е вистинскиот избор.

Станува збор за мажите родени во знакот на Овен. Тие се полни со силна енергија, која секогаш ги прави млади во душата, борбени, подвижни, секогаш подготвени за акција со која ги реализираат своите цели.

Подготвени да признаат пораз и фер играчи

Овенот е секогаш подготвен да го признае поразот и да му пружи рака на подобриот. Подготвен е и да направи било што за да победи, но за него победата не е победа ако е освоена со нефер удари. Овенот е гладијатор во борбата с лавот. Најдобрите спортисти, борци и освојувачи се родени токму во овој знак, па може да се каже дека Овенот е роден за да го оствари она што ќе го замисли.

Предаден љубовник

Мажот роден во овој знак е олицетворение на машкост, полн енергија, спортски тип, авантурист, борец и многу лојален. Обично нема проблем со тежината, а лесно ќе го препознаете по детските очи, оформените мускули, насмевката и адреналинот.

Приврзан за семејството

Во љубовта и семејниот живот исто така се коректни. Многу сакаат деца и кога ќе се оженат, жената им станува центар на светот. Лесно се вљубуваат, полни се со позитивна енергија, а кога ќе се заљуби Овенот, сите го забележуваат тоа, бидејќи постојано е среден и дотеран.

Исклучокот го потврдува правилото

Овенот е освојувач и може да се случи да продолжи понатаму откако ќе освои некоја територија. Никогаш не се откажува од својот плен, само може да направи кратка пауза во освојувањето. Кога ќе го освои пленот, знае да се олади, па потребно е постојано да го предизвикувате.




Коментари

коментари