АКУД „Мирче Ацев“ го најавува 40. Меѓународен студентски фолклорен фестивал

Академското културно-уметничко друштво Мирче Ацев го најавува 40. јубилејно издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

Оваа година фестивалот ќе се одржи во периодот од 22ри август до 26ти август на две локации – ,,Плоштад Македонија” – Скопје и ,,Плоштад – Млечен ресторан” со почеток во 20:00 часот. Учество ќе земат повеќе земји меѓу кои Германија, Турција, Северен Кипар, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Македонија.

Идејата за организирање на МСФФ потекнува од студентите на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во знак на благодарност кон земјите кои помогнаа во изградбата на разрушеното Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година па оттука овој фестивал се нарекува и ,,Фестивал на солидарноста”.

Секоја година на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал учествуваат од пет до дванаесет фолклорни ансамбли од странство како и повеќе домашни ансамбли од Скопје и другите градови од нашата земја. Како учесници на фестивалот се вклучени и ансамбли од етничките заедници кои живеат во Македонија. Како домаќин и организатор на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал и редовен учесник е Ансамблот за народни ора и песни при АКУД ,,Мирче Ацев“.

 

 

 




Коментари

[fbcomments]