Категории

Ал Пачино: „Првото правило е никогаш да не се откажеш, а второто е секогаш да сеќаваш на првото“

„Колку човек е постар и помудар, се помалку има желба да се расправа за небитни нешта. Едноставно има желба да стане, да посака се најдобро и да си замине.“

Алфредо Џејмс Пачино е американски филмски и театарски актер, режисер и сценарист. Најпознат е по своите гангстерски улоги а најмногу по легендарниот лик на Мајкл Корлеоне во култната класика „The Godfather“, во текот на својата кариера има стекнато бројни признанија меѓу кои и Оскар.

Ова се неговите најпознати цитати:

„Лесно е да мамиш наоколу, но најтешко е да измамиш срцето.“

„Никогаш немој да му се правдаш на никого, немој нити да му се објаснуваш. Секој ќе разбере онака како што нему му одговара.“

„Верноста и добриот глас не можат да се купат за сите пари на овој свет.“

„Лузните кои ги оставаат блиските луѓе, не може да ги излечи никој. Знаеле каде удираат.“

„Како дете му се молев на Бога за велосипед. Тогаш сфатив дека Бог функционира поинаку. Украдов велосипед и почнав да му се молам да Бог да ми прости за гревот.“

„Првото правило е: Никогаш не се откажувај. Второто правило е: Секогаш сеќавај се на првото правило.“

„Во животот се глуми, а во уметноста се бара вистина.“

„Не брзајте да зборувате за себеси во друштвото, приказната за вас следи откако ќе излезете.“

„Гордоста и ароганцијата се слуги на ѓаволот. Ако не можете да ги контролирате ќе почнат да ве контролираат вас.“

„Јас секогаш ја зборувам вистината, дури и кога лажам.“

Прегледи:
632
Објавено на:
06.02.2020