Алан Вотс: Ослободете се од минатото и започнете да живеете!

Теоријата за „бродот кој плови и остава трага“ открива длабока филозофија за животот

Нашето минато не треба да ја одредува нашата сегашност и сигурно не треба да ја ограничува нашта иднина. Ние навистина можеме да бидме слободни. Трикот е во тоа подобро да го живееме животот, односно сегашноста, и да не дозволуваме минатото да не контролира во тоа што го правиме сега.

Британскиот филозоф, писател и мотивационен говорник, Алан Вотс, го користи примерот на бродот како би објаснил како минатото има влијание на сегашниот миг.
Трагата на бродот е во минатото, со текот на времето се потсетува на неа, но таа избледува и повторно се стопува со океанот. Трагата не одредува каде ќе плови тој брод туку едноставно кажува каде тој бил.

„Сметаме дека светот е ограничен и објаснет преку своето минато. Склони сме да мислиме дека она што се случило во минатото го одредува тоа што ќе се случи во иднината и не гледаме дека всушност е обратно. Она што е извор на светлина е сегашноста, минатото ништо не објаснува. Минатото се провлекува во сегашноста како трагите на бродот кој на крајот исчезнува. Кога бродот плови остава траги зад себе – бродот е причината за тие траги. Меѓутоа ако влезете во состојбата на умот, ќе забележите дека всушност трагата е причината за бродот.

Поентата е следна: Во минатото никогаш нема да ја пронајдете тајната за создавањето на светот. Никогаш и не бил створен во минатото. Затоа што во реалноста не постои ништо – и никогаш не постоело ништо се до сегашноста. Никогаш нема да биде нешто друго освен сегашност.

Животот се случува сега, а минатото е еден вид на ехо, миг во сегашноста кој сегашноста го направила претходно. Можеме да кажеме: “О, добро, можеме да погодиме што ќе се случи следно во сегашноста врз основа на тоа што направила таа во минатото, и тоа е вистина. Но сепак, минатотот не е тоа кое ја контролира сегашноста, повеќе отколку што браздата го контролира бродот.“




Коментари

коментари