Алармантни податоци: Тинејџерите најподложни на депресија, а најчеста причина се социјалните мрежи!

Причините за зголемениот ризик кај девојките се – онлајн злоставување, пореметување во сонот, како и незадоволството од своето тело и пад на самодовербата.

Во истражувањето кое анализирало податоци на речиси 11.000 млади луѓе во Велика Британија, истражувачите заклучиле дека 14-годишните девојчиња се најчести корисници на социјалните мрежи.

Влијанието на Инстаграм врз младите

Две петини од нив, социјалните мрежи ги користат повеќе од три часа дневно. Студијата покажува дека 12% од умерените корисници на социјални мрежи, како и 38% од оние кои ги користат подолго, односно пвеќе од 5 часа во денот, покажуваат сериозни знаци на депресија.

Истражувањето открило дека 40% од девојчињата и 25% од момчињата биле изложени на онлајн злоставување. Пореметување во спиењето се појавува кај 40% од девојќињата, додека тој процент кај момчињата изнесува 28%. Анксиозноста и лошото спиење се поврзани со депресија, напоменуваат истражувачите.




Коментари

коментари