Александра Јанева со прва авторска песна: СЛУШНЕТЕ ГО ОДГОВОРОТ НА АЛЕКСАНДРА ЈАНЕВА

На неполн месец од промовирањето на последниот сингл „Срце отвори“ поп-пејачката Александра Јанева денес објави уште една нова песна.

Текстот на песната „Одговор“ е на Александра, а зад музиката се потпишуваат заедно со Тино Стојановски. На аранжманот работеле со продуцентот Иван Јованов Iwayo. Видеото е изработено од Pinestel продукција.

„За мене „Одговор“ е една нова страна во музиката. Премолчувањето станува внатрешна борба со сопствените потиснати чувства. „Одговор“ е за изневерената толеранција, доверба, љубов“, вели пејачката за своето прво авторско дело.

Песната ќе се најде на деби-албумот на Јанева насловен „Срце отвори“.




Коментари

коментари