Дали Адел “украла” песна од покојниот турски пејач?

Некои турски медиуми тврдат дека хитот на британската ѕвезда, “Milion Years Ago”, потсетува на песната “Ancilara Tutunmak” на Ахмет Каја.

Пејачката Адел пред неколку седмици го објавила новиот албум кој го носи името “25”.

На новото музичко остварување на британската музичка ѕвезда се наоѓа и песната “Milion Years Ago”, за која некои турски медиуми сметаат дека е плагијат на песната “Acilara Tutunmak” од 1985. година, која ја пеел покојниот турски пејач Ахмет Каја, пренесува Telegraf.rs.

adel-pesna-plagijat-turski-pejac-02

Секако, има и такви кои мислат дека хитот на Адел нема никаква врска со турската песна. Најдобро е ги слушнете двете песни и да процените самите.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=Y2J017jFtWI[/tube]

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=TyJLILwPu7E[/tube]

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=-RfOLOC3Oy0[/tube]




Коментари

коментари