Видео: Погледнете што се случува со нероденото бебе на мајките кои пушат!

Штетноста од пушењето е секогаш актуелна тема, но ова истражување покажало нешто сосема ново.

 

Кадрите од 4D ултразвукот, детално прикажуваат што се случува со нероденото дете во утробата на мајката пушач. Тие кадри настанале во рамките на истражувањето на универзитетот “Durham”, кое следело 20 идни мајки, од кои 4 пушеле во просек по 14 цигари на ден.


Идните мајки биле подложени на ултразвук во 24., 28., 32., и 36. недела од бременоста. Може да се забележи дека фетусите на мајките кои пушат, многу почесто го допираат лицето, отколку фетусите на мајките кои не пушат, пишува Daily mail.


Др. Наџа Реисланд објаснува дека фетусите помалку ги движат усните и сè помалку го допираат лицето во доцните недели од бременоста. Ова истражување укажува на тоа дека фетусите на мајките кои пушат, имаат задоцнет развој на централниот нервен систем.


За тоа да се потврди дефинитивно, потребно е поопширно истражување, но и ова е доволно за идните мајки да ги остават цигарите.

https://www.youtube.com/watch?v=mUjZlx3x8cU




Коментари

коментари