Американски милијардер го отплатил студентскиот долг од 40 милиони на цела генерација!

Околу 400 дипломци од колеџот „Морхаус“ во Атланта, Џорџија, добиле неочекувано голем подарок за крај на студирањето поради тоа што милијардерот и филантроп Роберт Смит решил да го оптплати долгот на цела генерација, во износ од 40 милиони долари!

Пред да го отплати студентскиот долг, овој технолошки инвеститор донирал и 1,5 милиони долари на колеџот. „Морхаус“ е традиционален колеџ на кој студирале афроамериканци, меѓу кои и познати имиња како Мартин Лутер Кинг, познатиот режисер Спајк Ли и актерот Самуел Л. Џексон.

„Студенти од колеџот „Морхаус“, опкружени сте со луѓе кои ви помогнале денес да бидете тука. Во името на осум генерации од моето семејство, колку што не има во оваа земја, ќе ви дадам мал поттик“, рекол милијардерот Смит, кој бил главен говорник на церемонијата во чест на дипломирањето на студентите.

„Знам дека оваа генерација ќе покаже дека сѐ се исплати. И сакам секоја наредна генерација да личи на оваа, се надевам дека сите ќе имаат можност да напредуваат. Бидејќи можеме да водиме сметка едни за други и да обезбедиме можност за секој да го оствари својот американски сон“, додал Смит.


Студентите, меѓу кои некои од нив се должни и по десетина илјади долари, биле истовремено и пресреќни и шокирани.

„Делува нереално. Кога изјави од говорницата дека ќе ни ги плати долговите, погледнав во колегите и ги прашав дали добро слушнав? Бев во комплетен шок и ова е најдобриот подарок кој сум го добил во животот“, изјавил еден од студентите.




Коментари

коментари