Ана Ивановиќ донираше респиратори и медицинска опрема во Србија

Прославената тенисерка Ана Ивановиќ донираше 35 респиратори и медицинска опрема во Србија за борба против коронавирусот

Српската тенисерка која е и амбасадорка на UNICEF заедно со Phi академијата, Војводинската банка и регуларните донатори, купи додатни 35 респиратори.

Тоа вкупно дава цифра од 50 респиратори, со оглед на претходно донираните 15 респиратори од вработените и оснавачите на компанијата Nordeus.

„Педесет респиратори, заштитна опрема и хигиенски сетови во вкупна вредност од 500,000 евра ќе бидат доставени во Србија“, пренесува официјалното соопштение на UNICEF.

„Првата пратка со заштитна опрема, односно маски, одела, наочари и ракавици за здравствениот тим се очекува да се испорача оваа недела, како и 1,700 хигиенски опреми за најзагрозените семејства и деца.“




Коментари

[fbcomments]