Категории

“Aналогната фотографија ми помага да станам подобар фотограф”- разговор со Атанас Стојановски

“Станувам од спиење, палам цигара и се подготвиувам за предизвиците на денот.” – вака од прилика започнува денот на 23 годишниот фотограф од Скопје.

Еден од трендовите во фотографирањето кој полека но сигурно повторно е актуелен е аналогната фотографија. Атанас Стојановски е еден од ретките фотографи кај нас кој се занимава со аналогно фотографирање. За него фотографирањето отсекогаш била примарна професија, а неговиот самостоен стил на живот е една од главните причини за неговото впуштање во креативни авантури отсликани низ неговите фотографии.

Атанас покрај фотографирањето се занимава со видео продукција и графички дизајн, а едно од позначајните искуства во неговата кариера е тоа што беше фотограв за еден од најпознатите македонски модни брендови Елена Лука. Обожава шарени чорапи и брзи автомобили, но неговата пасија кон аналогната фотографија е темата на која решивме да поразговараме со него.

Како еден од ретките во денешно време кои сликаат аналогни фготографии, дали можеш да ни откиеш што те мотивира  да го оживувавш овој тренд?

Едноставно сум фасциниран од самиот процес на анаогната фотографија. Од самото отпакување на филмот и местење во фотоапаратот до добивањето на негативите откако филмот ќе биде развиен за мене претставува огромно задоволство. Тука најверојатно голема улога игра и носталгијата. Ми се допаѓа тоа што аналогната фотографија ме форсира да размислам пред секоја направена фотографија бидeјќи во зависност од типот на филм  кој  го користите имате одреден број на фотофрафии. Секоја нова фотографија бара одреден број на ресурси без разлика дали е во вид на време или финансии. Во споредба со дигиталната фотографија каде често се заборавам колку фотографии правам и колку од тие фотографии се беспотребни, мислам дека аналогната фотографија ми помага да станам подобар фотограф.

Ми се допаѓа тоа што филмот има посебен квалитет и сопствени карактеристики кои не можат да се репродуцираат со ниту еден дигитален фотоапарат.

Кога прв пат започна со аналогно фотографирање ?

За голема среќа јас сум дел од таа генерација која беше свесна за своето постоење кога аналогната фотографија се уште беше доста популарна и застапена, а дигиталните фотоапарати не беа доволно достапни за да преовладаат. Претпоставувам на моја петта или шеста година ја направив мојата прва фотографија на филм додека пред три години започнав малку посериозно да се занимавам со аналона фотографија.

Како би го опишал твојот стил како фотограф, која е твојата инспирација?

За себе би реко дека немам некој одреден стил како фотограф. Мојата кариера започна како фоторепортер така што гледам моите фотографии да бидат што е можно поискрени,да се долови вистинскиот момент и вистинските емоции.Како инспирација конкретно за аналогна фотографија би ги издвоил Ryan Muirhead и Jan Scholz.

Фотосесија или настан кој секогаш ќе ти остани во паметење по супер фотографии што си ги направил  ?

Не би можел  да издвојам бидејќи секоја фотосесија или настан има своја карактеристика што ја прави посебна и секоја фотографија има посебен дел во моето срце.

За крај што е среќа за Атанас и каде би ги поттикнал останатите да ја бараат својата среќа?

За мене среќа е да можам да направам некој друг да биде среќен, да му го разубавам денот.

Останатиете би ги поттикнал да ја бараат среќата во самите себе си, да бидат удобни со тоа што се и да си го следат срцето.

За повеќе аналогни фотографии и креативни авантури следете го Атанас на инстаграм @finn_the_crimson_king и фејзбук Atanas Stojanovski Photography

Атанас фала ти за одвоеното време ти посакуваме многу успех во иднина и се гледаме на некој нареден настан, од другата страна на објективот.

Прегледи:
1098
Објавено на:
28.07.2020