Анџелина Џоли отворено призна: „Се разведов поради доброто на своите деца“

Анџелина прозбори зошто се разведе од Бред Пит

Оскаровката изјави дека се раздели од Бред Пит поради „доброто на своето семејство“, првенствено мислејќи на своите деца.

45-годишната холивудска ѕвезда додаде дека и понатаму се „фокусира на лекувањето“ на своите деца, трите посвоени и трите биолошки деца, кои ги опиша како „доста храбри и силни млади луѓе“.

Актерскиот пар за прв пат се зближи во 2005 година кога заедно глумеа во филмот “Mr. and Mrs. Smith”

Тие се венчаа во 2014 година а по две години поднесоа барање за развод.

„Некои ја злоупотребија мојата тишина а децата ги видеа лагите за нашето семејство во медиумите, но ги потсетувам да ја знаат својата вистина и својот ум“, изјави Анџелина во разговорот за Vouge Global Network.




Коментари

[fbcomments]