Категории

Анџелина Џоли се појави со ќерките, Шило и Захара, во Сириски бегалски камп

Оскаровката и активистка Анџелина Џоли, ги донесе ќерките Шило (11 години) и Захара (13 години) во бегалски камп. 

Долги години 42 годишната актерка е посветена на хуманитарни активности, а се чини дека и нејзините деца ја имаат таа желба, па откако побарале да дојдат со нејзе, таа се појави во бегалскиот камп Затари во Јордан во неделата.

„Моите ќерки Захара и Шило побараа да дојдат со мене денес“ вели Анџелина „Тие поминаа време денес разговарајќи и играјќи со деца кои се на нивна воздраст, а беа принудени да ги напуштат своите домови и останаа без своите семејства, се справуваат со траума и болести, но на крајот од денот се само деца, со иста надеж и права како и децата од било која нација.“

Ова беше трета посета на Шило, а прва на Захара во бегалски камп.

Анџелина Џоли упати остри критики за политичкиот и диполоматски процес и побара да се преземат активности за да се престане со бесчуствителните активности во Сирија, откако веќе земјата се наоѓа во осум годишен воен хорор.

Таа ја има улогата на специјален претставник на Високиот комесар на ОН за бегалци и ова се нејзино пето доаѓање во овој камп, кој се наоѓа на еден час од границата со Сирија.

Раскажува дека и е тешко што е повторно тука и ја гледа истата состојба, траумата со која се соочуваат сиријците и повторно ја потенцра потребата од итно завршување и решавање на сите проблеми со кои се соочува ова подрачје.

Прегледи:
273
Објавено на:
30.01.2018