Антониа Гиговска брилираше во суперфиналето на Ѕвездичките на Пинк: Слушнете ги двете неверојатни изведби!

Вчеравечер се одржа суперфиналето на музичкиот натпревар „Ѕвездичките на Пинк“. Антониа Гиговска успеа да се вброи во финалистите, претставувајќи се со две композиции. Нашата евровизиска песна „Proud“ на Тамара Тодевска и „I’ll never love again“ на Лејди Гага.

Иако жири комисијата не ја криеше својата наклонетост кон нашата Антониа, сепак таа не успеа да се пласира во третиот круг, а победата ја однесе младиот Сергеј Пајиќ.

Без разлика на крајниот пласман нејзините изведби во текот на овие 8 месеци колку што траеше натпреварувањето ќе останат запаметени.

Погледнете како изгледаа нејзините две изведби од финалната вечер.




Коментари

коментари