Категории

Антониа Гиговска со извонредната изведба на „Полско цвеќе“ ја расплака публиката (ВИДЕО)

Секоја недела имаме можност да уживаме во музичките изведби на нашата млада талентирана пејачка Антониа Гиговска во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“. Таа овој пат ги воодушеви присутните со изведбата на познатата композиција на нашиот Тоше Проески, „Полско цвеќе“.

Прекрасната изведба никого не остави рамнодушен, а Гоца Тржан која е дел од жирито не успеа да ги задржи солзите.

https://www.youtube.com/watch?v=OnmnJn7p4YY

„Сакам оваа песна да му ја посветам на нашиот Тоше Проески, којшто сум сигурна дека нè гледа од горе и се радува на сè ова што јас го правам. Тој е мој идол“ – изјави Антониа по настапот.