Категории

Аплицирајте на новиот Солвео натпревар

Со веќе неколку успешни натпревари со локални компании, Солвео продолжува во подем и ни го објавува новиот натпревар кој овој пат е поддржан од Шведска компанија.

Станува збор за дигиталната платформа за зачувување и споделување рецепти MyGreatRecipes.com во сопственост на IMP Digital компанија од Шведска која главно го таргетира пазарот во САД. My Great Recipes е платформа која е лансирана во есента 2015 година и до сега има преку 100 000 регистрирани корисници. На платформата корисниците можат да ги зачувуваат своите рецепти како и да ги споделуваат и пребаруваат рецептите од најразлични извори.

Предизвикот на кој треба да одговорат студентите се однесува на активирање на постојните корисници и привлекување на нови активни корисници, како и пронаоѓање начини како да се монетизира платформата.

За време на натпреварот/работилниците студентите ќе се запознаат подетално со платформата и со однесувањата на потрошувачите на пазарот во САД како пребаруваат рецепти, како ги зачувуваат своит и како ги споделуваат со своите пријатели и семејства. Дополнително преку разгледувањето на сегашната платформа и на платформите на конкурентите ќе пронајдете и предложите начини како би можел ‘My Great Recipes’ да стане лидер на пазарот за за зачувување, пребарување и споделување рецепти во пазарот во САД.

ЗОШТО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

  • Искуство при работа на реален проект
  • Ќе работите со голема интернационална компанија
  • Можност да добиете парична награда и сертификат
  • Вмрежете се со професионалци, компании и студенти
  • Истакнете се пред потенцијални работодавачи

Секако една од клучните вредности на Солвео останува заложбата сите учесници во процесот да бидат задоволни, тоа го докажуваат и бројките кои тие ги споделија со нас од преку 96 проценти задоволни учесници до сега.

Отворени места: до 20

Насоки на интерес: Е-бизнис, Е-технологии, Маркетинг, Финансии, Менаџмент, Дизајн, Информатички технологии, Психологија

Награда: 30.000ден. (за победничкиот тим)

Компанија: Мy Great Recipes, поддржано од doXteam

Локација: DOXcafe, ул. Пиринска 29

Краен рок за пријавување: 06.11.2016

Дознајде повеќе за натпреварот

http://www.solveo.co/natprevarisolveo/

 

Прегледи:
138
Објавено на:
31.10.2016