Категории

Апсолутни модни трендови за 2020 година

Еве што не очекува во модниот свет оваа година

Минимализмот од ’90-тите
Деведесеттите, без сомнение ќе бидат популарни уште многу години. Односно, се што модата претстави тие години. Едноставноста во парчињата, ненадминливата класична елеганција е клучот во модерниот и шик изглед за оваа година.

Неон парчиња
Можеби не толку застапени во минатата година, но секако прифатени, неон парчињата ќе ја достигнат својата врвна доминација во оваа 2020 година. Тука не спаѓа само облеката, туку и аксесоарите како наочари за сонце, ташни, накит, чевли и друго.

Елегантни бермуди
Овој необичен тренд кој нема да е по вкус на сите во почетокот може да делува малку екстравагантно, но многу брзо може да ви стане омилен. Можат да се носат и во елегантни и во кежуал стајлинзи, изборот е ваш.

Портокалова боја
Една од боите која ќе ја одбележи оваа година е – светло портокаловата. Минатата година беше впечатлива на бројни случувања, па модниот свет и даде зелено светло нејзината популарност да продолже и оваа година. Што и да одберете во оваа боја, дефинитивно ќе го поправи вашето расположение.

Прегледи:
869
Објавено на:
03.01.2020