Категории

Аргентински фармер десетици години создавал шума во форма на гитара во чест на неговата покојна жена

Еден аргентински фармер создал неверојатна шума во облик на гитара во знак на сеќавање на својата покојна сопруга. Шумата е толку голема што НАСА може да ја види преку својот сателит. Оваа шума е внимателно направена со дрвја во различни бои. 

Идејата за ваков проект започнала од неговата сопруга која заедно со него патувала преку полињата во Аргентина кога забележала поле во облик на канта за млеко. Потоа го запрашала сопругот дали може и тие да направат нешто слично на својата фарма. Грациела била голем вљубеник во музиката и гитарата.

Нејзиниот сопруг секогаш велел дека ќе го започнат проектот, но таа неочекувано починала од анеуризма на мозокот на само 25 години во 1977 година. По нејзината смрт, сопругот и четирите деца почнале да работат на создавање спомен обележје. На крајот посадиле преку 7000 стебла.

На крај Урета повторно се оженил, но поради стравот од летање никогаш не ја видел гитарата од небо.

Прегледи:
66
Објавено на:
15.09.2021