Категории

Архитекти направија необични куќички за мачиња

Многу е убаво кога луѓето ја користат својата креативност и хуманост со цел да им помогнат на бездомните животни. 

Организацијата “Architects for animals”, која им помага на бездомните животни, неодамна ги повика дизајнерите, архитектите и дизајнерските компании од Лос Анџелес да се приклучат на нивната акција. Тие имаа задача да дизајнираат и да изработат модерни и функционални куќички за мачките.

Овие куќички ќе им го разубават животот на мачињата кои имаат, но и на оние кои се уште немаат свој дом. Уверете се самите во необичноста и убавината на овие дела.

Прегледи:
569
Објавено на:
06.11.2017