Категории

Армија „диви амазонки“ во новата колекција на Balmain

Една од најисчекуваните ревии на Париската модна недела е колекцијата на модната куќа Balmain и кративниот директор Оливие Рустинг кој секогаш инспирира со својата непредвидливост и авангардност. Во оваа колекција наменета за есен/зима 2017 одлучи на наметни нов концепт инспириран од помалку дивите хероини заживеани во племенски стил.
Естетиката на модната куќа Balmain никогаш не е суптилна и ненаметлива, а таква беше и колекцијата за студената сезона затоа што Оливие не е дизајнер кој срамежливо ја работи својата работа. Материјалите кои припиени уз телото евоцираат сексипил, животински принтови како змиски и леопард дезеним реси, кожа, ланци и препознатливите земјени тонови, доминираа во оваа колекција креирајќи дојам на нескротливи и диви племиња. Амазонките на Balmain ги претставија парчињата кај кои доминираат острите рабови, склоп од неколку материјали, високи кожни чизми, и раскошни долги капути. Во улогите на оваа модна претстава секако се појавија Џиџи Хадид и Кендал Џенер, а оваа колекција Оливие ја посвети на храбрите жени кои се слободни и нескротливи.

 

 

Прегледи:
688
Објавено на:
03.03.2017