Астробиолог покажува што се случува кога се обидувате да готвите на Антарктикот на -70 ºЦ

Cyprien Verseux е астробиолог кој моментално работи на најоддалечената научна база на светот: Станицата Конкордија на Антарктикот.

Во слободно време, тој има блог каде што ги споделува своите искуства живеејќи во екстремната животна средина.

„Девет месеци годишно, во текот на зимата, теренот не може да се напушти. Толку е ладно што возилата не можат да доаѓаат и да си одат. Моментално сме 13 луѓе: техничари, научници, готвач и доктор.

Поради недостатокот на кислород, пустинскиот пејзаж им создава чувство на научниците дека се на друга планета. Ова е најладната област на Земјата, со температури кои достигнуваат -80°Ц. „Сонцето го видовме дури во август, откако поминаа 3 месеци без да се појави на хоризонтот. Воздухот е екстремно сув и сиромашен со кислород“, објаснува Verseux.

Само поради забава, тој одлучил да се обиде да готви на отворено, фотографирајќи го целиот процес. Погледнете како изгледа кога готвите на Антарктикот.




Коментари

[fbcomments]