Категории

Астронаутите советуваат како да го поминувате времето во самоизолација

Германскиот астронаут се присети на времето поминато во универзумот за кое изјави дека многу наликува на самоизолацијата на која сме приморани денес во време на пандемија. Тој ги сподели своите клучни совети како да го поминувате времето.

Томас Рајтлер е првиот германски астронаут кој отишол во свемирот. Присетувајќи се на своите разговори со останатите астронаути преку Skype, ја сподели својата дневна рутина во свемирот.

Придржувајте се на дневната рутина, останете во контакт со семејството и повремено радувајте се себеси, се некои од советите на германскиот астронаут за тоа како да преживеете во самоизолација во текот на пандемијата на коронавирусот, што е, како што кажува, многу слично на тоа како астронаутите поминуваат време во свемирот.

„Во текот на седмицата, собиравме состојки од пакетот со храна и ги остававме настрана омилените нешта за петок или сабота, за тогаш да имаме поубава храна.“, изјави тој.

Како што изјави, од Меѓународната свемирска станица контактирал со своето семејство преку Skype. За времето поминато во карантин препорачува и читање книги.

Александар Герст, исто така астронаут, објасни дека некои луѓе можат да почувствуваат анксиозност во текот на пандемијата на корона вирусот.
Пред секоја мисија, астронаутите размислуваат за најлошите можни сценарија и се обучуваат како да реагираат на нив.

„Тогаш немате чувство дека губите контрола, туку дека имате контрола над оваа ситуација.“- изјави тој.
„Ситуацијата е доста слична“, додава.
Тој порача луѓето да почнат да се однесуваат како астронаути кои одат во карантин пред мисијата, што е протокол за превенција на болест во свемирот.

Прегледи:
587
Објавено на:
30.03.2020