Чек дис аут
Search

Атиџе е подготвена за црвениот килим: Со нова фризура замина во Лос Анџелес по Оскарот!

Атиџе , главната протагонистка и последниот див одгледувач на пчели, од филмот „Медена земја“ е на пат кон Холивуд за доделувањето на Оскарите. За овој специјален настан, таа веќе ја смени бојата на косата и има нова фризура.

Недела е долгоочекуваниот ден за тимот на „Медена земја“ и целата јавност која се вљуби во прекрасниот документарец со голема порака. Со нетрпение чекаме да го видиме исходот од Оскарите. Сите се надеваме дека „Медена земја“ ќе добие најмалку еден оскар.

Ѕвездата на „Медена земја“, Атиџе Муратова тргна кон Холивуд на свечената церемонија на доделувањето на Оскарите. Таму ја чека филмската екипа која веќе ги доживува своите ѕвездени моменти. Неодамна стоеше рамо до рамо со легендите на филмското платно и „кремот“ во светот на филмот.
Ова е едно од бројните патувања на Атиџе, бидејќи таа целосно се вклопи во промоцијата на „Медена земја“ и најпрофесионално се појавува секаде каде што треба.

„Да бидам искрена не ни знаев за Њујорк. Знаев за Америка. Не се плашев кога прв пат треба да летам со авион. Се чувствував како птица која лета. Проблем ми е само што не знам јазик. Зборувам само турски и македонски. А сакам да зборувам со сите“, изјави Атиџе во интервјуто за „еМагазин.мк“.

За потсетување, „Медена земја“ има две номинации – за Најдобар интернационален филм и Најдобар документарен филм.




Коментари

[fbcomments]