Аутистично девојче гениј: Нејзиниот талент го воодушевува светот! (ВИДЕО)

Кога родителите на малата Ирис Грејс откриле дека нивното дете болува од силен облик на аутизам, направиле сѐ што е во нивна моќ да ја приближат Ирис кон себе и светот кој ја опкружува. По низа неуспешни обиди, дошла на ред терапијата која вклучува сликање, и тогаш ова девојче покажало колку малку знаеме за необичните способности на умот заробен во аутизмот.

Во малиот затворен свет на аутистичните деца најчесто нема место за други луѓе, односи, приказни, комуникација на прифатливо ниво, а освен тоа денес аутизмот сѐ уште се смета за пореметување кое е невозможно да се излечи. Токму поради тоа, овие деца најчесто се оставаат на страна, не поради тоа што не можат да комуницираат со остатокот од светот, туку поради фактот што остатокот од светот не успева да сфати на какви начини „тие“ можат да разговараат со нас.

 

Дека Ирис не е единствена во својата генијалност покажуваат и други бројни ситуации. Висока интелигенција, па дури и генијалност меѓу луѓето во аутистичниот спектар е 10 пати поголема. Талентот на малата Грејс никого не остава рамнодушен, нејзините дела денес се продаваат по високи цифри, а приходите одат исклучиво во групите кои се бават со рехабилитација на аутистичните деца и на бојата и хартијата која и е потребна на Ирис секојдневно.

Пред да почне да слика, Ирис не го распознавала дури ни своето име, не говорела ниту еден збор, денес, Ирис секој ден учи што повеќе зборови кои ги користи кога ќе посака да комуницира со својата мајка или својот најдобар пријател, мачката Тула.

 




Коментари

коментари