УТРЕ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСТАВЕНА ЕВРОЗИЗИСКАТА ПЕСНА НА ДАНИЕЛ

Утре напладне во просториите на Студио М1 во Македонската Радио Телевизија ќе биде промовирана англиската верзија на официјалната евровизиска песна „Autumn Leaves“, со којашто Даниел Кајмакоски ќе ја претстави Македонија

bilbilov-i-kajmakovski

Првата верзија на песната со која Даниел победи на „Скопскиот фестивал“ беше дело на авторскиот тим Александар Митевски, Бобан Апостолов и Далибор Грубачевиќ. Новиот аранжман го напиша Билбилов, кој се погрижи и за продукцијата.

– Со денови бевме затворени во студиото со Даниел и се обидовме да го извлечеме максимумот. Признавам не сакам баш да работам под ваков голем притисок, во 5 до 12, но сепак, сѐ е добро кога добро ќе се заврши.

Истовремено ќе биде промовиран и видеоспотот за песната преку кој Даниел Кајмакоски на интересен начин ја раскажува приказната на песната.




Коментари

коментари