Категории

Авалон Продукција: ,,Песни за љубов и копнеж” со Каролина, Дуке и Исмаил

На 23 декември најверните фанови ќе имаат можност да го слушаат ова интересно трио во просториите на Македонската Филхармонија.„Песни за љубов и копнеж“ е настап на Каролина, Дуке и Исмаил кој се распродал во рекордните 4 часа од пуштањето на билетите во продажба.

,,Песни за љубов и копнеж” од Каролина, Дуке и Исмаил, кој во пакет претставува студиски албум и концертна промоција на истиот која ќе се одржи на 23 декември во Македонската филхармонија.

Македонската публика ќе има навистина ретка можност во живо да слушне песни кои имаат есенцијална вредност, изведени од тројца врвни уметници кои добар дел од својата днк – а ја вложија во создавањето на овој проект.

Следете ги Авалон Продукција за повеќе новости.

 

Прегледи:
59
Објавено на:
18.11.2022