Авалон Продукција премиерно го носат Божо Вреќо во Скопје

Авалон Продукција со големо задоволство го најавува својот прв проект во 2020 година доаѓа од балканските простори, кој е навистина на светско ниво по сите параметри!

„Принцот на севдахот“ или како што престижниот „Њујорк Тајмс“ го нарекува, „човекот со ангелски глас“, Божо Вреќо, за прв пат ќе има концерт во Скопје во Македонската опера и балет на 23-ти февруари, со почеток во 19:30 часот.

Божо Вреќо е навистина последниот голем музички феномен изнедрен од плодната балканска почва и е еден од најинтересните и најпознати изведувачи во доменот на севдахот во моментов.

Се смета за клучен дел од новата генерација на автори кои ја не само што ја оживуваат традицијата на севдалинките, туку и успеаја да ја однесат дури и во правецот на андерграунд, што беше незамисливо досега.

Вреќо е лирски тенор кој предизвикува бројна публика и затоа настапува на концерти низ Европа и светот кои се секогаш однапред распродадени.

Неговата акапела интерпретација на севдалинките е секогаш спектакуларна. Има навистина ангелски глас, а во Скопје во февруари ќе пее песни од неговите четири албуми. – велат од Авалон.

Влезниците за концертот на Божо Вреќо во Скопје ќе бидат пуштени во продажба во среда (27-ми ноември) во 09 часот наутро по цена од 1500 денари, а достапни за купување ќе бидат во Avalon Music & Ticket Store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на www.avalon.mk.




Коментари

[fbcomments]