Август е резервиран за големи музички спектакли: Влатко Лозаноски и Жељко Јоксимовиќ во Охрид!

Подгответе се за незаборавно лето, многу музика, забавна агенда и хитовите кои го одбележаа изминатиот период! Прагма Продукција ја носи целата забава во Охрид. Август е месецот кога ќе имате можност да уживате во гласот на еден од најдобрите вокали на Балканот, нашиот пејач Влатко Лозаноски, а веќе следниот ден на истата локација ќе ве забавува српската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pragma Music Entertainment (@pragmaproduction) on


На 2. август публиката на стадионот Билјанини Извори во Охрид ќе има можност да ужива во најпознатите хитови кои направија револуција на македонската музичка сцена. Миленикот на македонската публика, одличниот вокал и изведувач на хитовите „Сонце не ме грее“, „Ова лето ќе се памти“, „Јако јако“, „Мандарина“, „Километри“ и уште многу други песни кои што ја одбележаа кариерата на Лозано, ќе прозвучат во живо во Охрид на Билјанини Извори, а поради големиот интерес за овој музички спектакл, картите до 18 јули ќе бидат со цена од 350 денари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pragma Music Entertainment (@pragmaproduction) on


Но, тоа не е сѐ што подготвуваат Прагма Продукција за почетокот на август. Веќе следниот ден, на 3 август, на сцената на стадионот Билјанини Извори своето место ќе го заземе Балканската музичка ѕвезда, познатиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ. Цената на картите за уживање во изведбата на неговите познати хитови изнесува 400 денари до 16. јули.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pragma Music Entertainment (@pragmaproduction) on


Ова се само дел од музичките изненадувања кои Прагма Продукција ги подготвува за вас ова лето. Имајте прекрасни мигови исполнети со квалитетна музика, уживајте во музичката програма за оваа сезона и купете навреме карти за големите музички спектакли!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pragma Music Entertainment (@pragmaproduction) on


Картите може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com , како и во Цвеќара Розе Веро 2 и Плоштад Охрид.




Коментари

коментари