Категории

Авион се заглавил под пешачки мост: „Можеби возачот донел погрешна одлука“ (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа авион на „Air India“ заглавен под пешачки мост на автопатот Делхи-Гуруграм пред аеродромот во Делхи.

На авионот нема крила па многумина се запрашале како воопшто стигнал таму.

„Ова е стар авион кој веќе го продадовме. Новите сопственици во саботата вечер го презедоа. „Air India“ под никакви околности нема никаква врска со тој авион“, соопштиле од авио компанијата.

На видеото се гледаат и возила како проаѓаат од еднат страна на автопатот, додека се чини дека другата е блокирана од авионот.

Прегледи:
416
Објавено на:
06.10.2021